ORDINATEUR

https://gradinkarosica.mk/index.php/blog/ekranite-vo-zhivotot-na-decata-prv-del

Можеме да истакнеме дека тоа првенствено зависи од содржината на која детето ќе и се посвети. Кога на пример станува збор за едукативна содржина, како што е подготовка на проект за училиште и детето одлучи да одвои два дена по 2-3 часа, е во ред. Секако, препорачливо е да се направи паузи за да ги одмори очите и да ги истегне мускулите. Но доколку детето поминува 2-3 часа секој ден гледајќи јутјубери или играјќи видео игри, притоа занемарувајќи ги своите обврски, потребно е да се воведат правила и ограничувања. Затоа е важно да се воспостави рамнотежа и да се постигне умереност и секогаш да се проценуваат придобивките и штетите од она што го прави детето. 

СОВЕТИ

 Социјални мрежи. Контролирајте што споделува детето на социјалните мрежи и привлечете го нивното внимание ако забележите дека споделува премногу информации (адреса, телефонски број) и / или објавува несоодветна содржина и фотографии. Секогаш објаснувајте зошто ова не е прифатливо. Препорачливо е децата да не отвораат сметки на социјалните мрежи (како што се Фејсбук, Инстаграм, ТикТок) пред 15-годишна возраст.

 Контрола на содржина. Контролирајте што детето гледа на интернет. Соодветно можете да поставите правила – да речеме дека содржината што промовира насилство, прекумерно пцуење и слично е забранета. Наместо тоа, предложете му на детето содржина што има одредена воспитна карактеристика. Со ова не мислиме дека детето треба да се чува „под стаклено ѕвоно“. Напротив, потребно е детето да стекне социјален имунитет, и до одреден степен, да биде во тек со она што го следат повеќето врсници, но ако е заинтересирано да следи јутјубер кој поставува несоодветна содржина, охрабрете го детето да размислува критички – што сака и зошто, што не сака и зошто, дали нешто друго би можело да биде посоодветно, какво е вашето мислење за таа содржина и зошто.