Console

Новите, паметни технологии од ден за ден се развиваат и видео игрите се подостапни од кога и да било. Видео игрите кои се достапни преку паметните телефони можат да бидат корисни за развој на медиумската писменост. Игрите кои се однесуваат на математичко решавање на проблемите, како и игрите кои го вклучуваат запознавањето со основните закони на физиката се мошне популарни и корисни за најмладата публика.

Иако се викаат игри и служат за забава би било премногу едноставно да се заклучи дека како такви игрите се безопасни, и родителите не треба да ги перципираат новите технологии како играчки кои треба да го пополнат слободното време на децата, туку секојдневно да контролираат какви информации и вредности определена игра им ги испорачува на нивните деца.

„Сепак од друга страна, со оглед на својата значајна улога, игрите можат да се користат за децата да се запознаат со светот околу себе, за да ја дознаат улогата на медиумите и медиумските технологии, за дополнително да се социјализираат и сл. Сите игри кои придонесуваат кон развојот на критичката острица кај најмладите можат во поширока смисла да се сместат под чадорот на медиумското описменување.

Совети:

1.Ограничете ја употребата на конзолата со поставување правила;

2.Приклучете ја конзолата во вашата дневна соба;

3.Понудете му малку игри погодни за нивната возрасна група;

4.Предложете други активности;

5.Заинтересирајте се за неговата страст за подобро да ја разберете;

6.Не ја исклучувајте неговата конзола;