До 18 месеци – без екрани!
Без екрани еден час пред спиење, за време на оброците и играњето
– за деца под 2-годишна возраст: посветете минимално време на гледање телевизија и пред екранот воопшто; видео-разговори со отсутните членови на семејството.
– за деца од предучилишна возраст: максимум еден час на ден, најдобро за гледање цртани филмови наменети за оваа возраст или слушање детски песни;
– за деца од 6 до 8 години: еден час на ден, исто така, цртање и слушање детски песни, и во ред е да воведете некои игри, најдобро логички; дел од слободното време во договор со родителите.
– за деца постари од 8 години: до 2 часа на ден, со контрола на содржината.
Со цел од една страна да се намалат потенцијалните ризици, и од друга страна да се зголемат придобивките обезбедени од технологијата, обидете се да ги имплементирате следниве предлози:
1.Воведете правило и јасно дефинирајте во кои ситуации е целосно забрането да имате екран пред вас – на пример за време на оброк, пред спиење, додека учи нешто што не бара употреба на интернет, кога доаѓаат гости или додека се возат во автомобил. Можете исто така да воведете правило дека мобилниот телефон, таблетот и компјутерот се користат само во дневната соба.
2.Воведете правило дека мобилен телефон, таблет или компјутер, кога се користи во слободно време (не за училишни цели), се користи максимум 1 час на ден. Исто така, се препорачува ова да се смета за привилегија, односно времето да се продолжи на 2 часа на ден како награда за добро однесување, одреден успех и слично. Или, во друга ситуација, да се скрати и дури и да се укине за одреден временски период, како казна за неприфатливо однесување.
3.Времето пред екранот не треба да биде приоритет во однос на учењето, дружењето со врсниците, физичката активност, домашните задачи. Кога овие ставки се завршени, времето пред екранот следи како награда.